Свет Европа Парискиот облакодер заврши на суд

Парискиот облакодер заврши на суд

Парискиот облакодер „Триаголник“

Градскиот совет на Париз денеска го отфрли спорниот проект за изградба на облакодер од 180 метри во еден париски кварт.

Вкупно 83 советници гласаа „против“ проектот, додека 78 беа „за“, но општината соопшти дека конечната одлука ќе ја донесе судот бидејќи смета дека тајното гласање не е спроведено според прописите.

– Законот не е почитуван бидејќи некои советници пред да го стават гласот во кутијата, ливчето им го покажуваа на сите. Според законот, таквото гласање е неважечко и барам судот да ја донесе конечната одлука – рече градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Тристраната пирамидална кула „Триаголник“ во југоисточниот дел на Париз би била наменета за канцелариски простор.