Македонија Параглајдерист паднал на Галичица и со тешки повреди бил пренесен на лекување

Параглајдерист паднал на Галичица и со тешки повреди бил пренесен на лекување

Вработени во Националниот парк „Галичица“ вчера пријавиле дека на планината Галичица паднало лице со параглајдер кај месноста Баба, информира СВР Охрид.

„Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош. На местото викано Баба, во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал. Тој е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител,  увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид“, се вели во соопштението.