Македонија Папата ги повика католиците на молитва за Македонија

Папата ги повика католиците на молитва за Македонија

Поглaварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, за време на неделното обраќање пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, повика на молитва и за сериозната политичка состојба во Македонија, по насилните настани во македонскиот парламент.

Папата Франциск ја истакна важноста на демократските вредности во ова општество. Тој се помоли за поскоро смирување на состојбите во земјава.