Свет Папата Франциск пристигна во САД

Папата Франциск пристигна во САД

Папата Франциск пристига на воздухопловната база Ендрус, кај Вашингтон, каде беше пречекан од американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и од нивните сопруги.

Папата пристигна во Соединетите Американски Држави по посетата на Куба.

Папата Франциск денеска во Вашингтон ќе одржи прва масовна церемонија на територијата на Соединетите Држави, по што ќе има и обраќање во Конгресот. Тоа ќе биде прво обраќање на еден папа во Конгресот. За време на неговата шестдневна посета, тој ќе престојува во три градови, а во Њујорк ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.