Свет Балкан Папандреу формираше нова партија

Папандреу формираше нова партија

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу објави дека ќе формира нова политичка партија.

Новата партија, наречена Движење за промена, сè уште не е дефинирано како ќе дејствува, но се очекува таа да биде слична на ПАСОК, која учествува во владејачката коалиција, водена од десноцентристичката партија Нова демократија на премиерот Андонис Самарас.