Свет Балкан Пангалос: По лидерот на „Златна зора“, Венизелос е втор по антипатичност

Пангалос: По лидерот на „Златна зора“, Венизелос е втор по антипатичност

Теодорос Пангалос остро ги критикуваше Евангелос Венизелос и Јоргос Папандреу за внатрешниот раздор кој се создава во ПАСОК. Според поранешниот министер и вицепремиер од ПАСОК, ниту сегашниот, ниту претходниот лидер на ПАСОК се спасот за грчката социјалистичка партија. Генерално, за Пангалос, ПАСОК е завршена приказна и за партијата нема ниту спас, ниту иднина.

– ПАСОК го заврши своето. Потребна е нова партија, но таа нема да се направи на начинот на кој Венизелос смета дека треба – истакна Пангалос за идејата за формирање лев центар која ја предлага актуелниот лидер на ПАСОК.

Според него и Венизелос и Папандреу се ставаат себеси пред паријата, што го смета за целосно политичко промашување кое го довело ПАСОК во сегашната безизлезна ситуација.

– Ни едниот ниту другиот се корисни за иднината на ПАСОК. Дури 90 отсто од граѓаните бараа ПАСОК да се повлече од политичката сцена и тоа го тангира и Папандреу. За Венизелос пак, само 11 отсто од граѓаните имаат позитивно мислење. Тоа го прави најантипатичниот грчки политички лидер по Михалолиакос (лидерот на Златна Зора н.з.) – изјави Пангалос за радиото „То Вима“.