Свет Пакистанските власти ја знаеле локацијата на Бин Ладен

Пакистанските власти ја знаеле локацијата на Бин Ладен

Пакистанските владини и воени власти точно ја знаеле локацијата на лидерот на Ал каеда, Осама бин Ладен, долго време пред американските специјални сили да го ликвидираат во Аботабад во мај 2011 година, соопшти поранешниот пакистански министер за одбрана, Ахмад Мухтар.

Поранешниот министер, во интервју за индискиот канал „Ај-Би-Ен“, изјави дека пакистанскиот претседател, Асиф Али Зардари, и командантот на копнените сили, Ашфак Парвез Кајани, ја знаеле информација и се надевале дека Бин Ладен ќе се самоубие доколку се дознае неговата локација.

Официјален Исламабад досега категорично демантираа дека била позната локацијата на лидерот на Ал каеда.