Свет Свет Пакистан: За тероризам на воен суд

Пакистан: За тероризам на воен суд

Пакистанскиот Врховен суд денеска донесе пресуда со која се овозможува на осомничените за тероризам да им се суди пред воен суд, што е последна во низата мерки на власта во кампањата против тероризмот, по минатогодишните напади на талибанците на школо, кога загинаа 150 лица, од кои повеќето деца.

Правниот советник на владата, Зафрулах Хан, рече дека со пресудата е овозможено воените судови да им судат на цивилите во случај на тероризам.

Одлуката на Врховниот суд следи по неколку петиции со кои се оспоруваше одлуката на парламентот во следните две години воените судови да можат да процесираат осомничени за тероризам.

Пакистан повеќе од десет години води битка со тероризмот, но вонредните мерки се преземени по нападот на школото во Пешавар.