Македонија Пахор, Китаровиќ и Иванов во посета на македонско-грчката граница

Пахор, Китаровиќ и Иванов во посета на македонско-грчката граница

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, кои престојуваат во посета на Македонија, денеска во придружба на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.

Двајцата претседатели се очекува да имаат средба и со полицајците од Словенија и од Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница во справувањето со мигрантите.

Претседателите на Словенија и на Хрватска од вчера престојуваат во посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.