Свет Падобранска несреќа при поготовките за ЛОИ во Рио де Жанеиро

Падобранска несреќа при поготовките за ЛОИ во Рио де Жанеиро

Двајца бразилски падобранци загинаа вежбајќи ја кореографијата за отворањето на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, кои ќе се одржат од 5 до 21 август годинава.

Како што јавуваат бразилските медиуми, 28 падобранци се обидувале во воздух да ги направат петте олимписки круга, но двајца од нив, 39-годишниот Густаво Кореа Гарцез и 47-годишниот Гилхермо Бастос Падиља, се судриле во воздух, по што изгубиле контрола и паднале на земја.

Падиља починал веднаш по ударот на земја, додека Гарцез во болница им подлегнал на повредите.

Бразилската полиција поведе истрага за несреќата и ќе ја тестира опремата со која настрадале падобранците.