Свет Европа Отворено кафулето што беше мета на нападите во Париз

Отворено кафулето што беше мета на нападите во Париз

Во Париз денеска повторно е отворено кафулето „Ла бон бијер“, во кои исламските екстремисти во вооружен напад на 13 ноември убија пет лица.

По нападите граѓаните со денови оставаа цвеќиња пред кафулето.

– Време е повторно да ги отвориме вратите и да продолжиме со животите што ги имавме претходно – изјави Паоле Злотник, продавачка која работи во кафулето.

Камерите за надзор вечерта ги снимиле напаѓачите во црна облека како приоѓаат кон кафулето, стрелајќи во гостите кои седеле на масите пред кафулето, а потоа полека се вртат кон автомобилот кој полека се движи зад нив.

Во нападите во Париз загинаа вкупно 130 лица.