Македонија Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски

Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор.

Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“.

Одборот упати апел до сите жители и иселени од Владимирово да го помогнат обновувањето на црквата во која се крстени и венчани тие, нивните родители, баби и дедовци.