Македонија Отворена народна кујна во Зрновци

Отворена народна кујна во Зрновци

Во општина Зрновци почна да работи народна кујна, која е 49. по ред што се реализира со програмата на Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во Македонија.

Народната кујна на почеток ќе ја посетуваат осум граѓани од општината, а нивниот број ќе се зголеми бидејќи уште десетина граѓани поднеле документи за користење на услугата во неа.