Македонија Отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“

Отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“

Во Министерството за финансии од денеска е отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“, во која граѓаните од 10 до 15 часот секој работен ден ќе добиваат повеќе информации како да го решат станбеното прашање.

Министерството за финансии информира дека посетеноста е голема и нагласува дека целта на канцеларијата е максимално да се поедностави постапката и граѓаните најбргу да дојдат до сопствен дом.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање. Владата, преку исплата на 50 проценти или 75 проценти од ратата или учеството во станбениот кредит, им помага на граѓаните да го решат ова животно прашање.