Како што сѐ повеќе и повеќе припадници на „Gen Z“ (Генерација Зед – родени во втората половина на последната деценија на 20. век и во првата половина на првата деценија на 21.век) влегуваат во работната сила, понекогаш изгледа како да се отвораат фронтови меѓу младите вработени и нивните постари колеги.
Во овој генерациски судир, раководителите многу често ја нарекуваат овааа генерација „повластени“, жалејќи се дека не може да завршат едноставени задачи. Во меѓувреме, Генерацијата Зед е фрустрирана и се жали дека работодавците често остануваат само на ветувања за прашања како поддршка на менталното здравје, уедначеност на платите, општествена одговорност и диверзитетот, пишува „Форчен“.
Можеби Генерацијата Зед и се соочува со слични пречки како Миленијалците (генерација родени од почетокот на 1980-тите до средината или крајот на 1990-тите) на почетокот на нивните кариери (се чини дека секоја нова генерација се квалификува како „мрзелива“ од постарите вработени), но тие исто така се соочуваат со поголеми предизвици, на позадината на пандемијата на ковид-19 и брзото менување на работната култура, за „Форчен“ објаснува Линдзи Полак, експерт за кариера и работно место.
„Секој минал низ поинаква пандемија и поинакво искуство. Кај Генерација Зед, мислам дека треба да прифатиме дека минале низ пандемија во многу специфичен период на нивните животи и нивните кариериа. И тоа веројатно значи потреба од поголема поддршка за благосостојбата, а значи и честопати дека се поотворени во однос на нивните очекувања“, вели Полак.
Всушност, објаснува авторката, која неодамна ја издаде книгата „Повторен осврт: Навигација низ Вашата кариера во менливиот свет на работата“ (Recalculating: Navigate Your Career Through the Changing World of Work) нагласува дека судирот, во кој ставовите на Генерација З, која се смета за мрзелива или „повластена“ од страна на постарите вработени, е всушност допир на различни системи на вредности и различни пристапи.
Некогаш тоа што треба да се стори е едноставно одвојување време за да им се појасни на младите вработени за нештата што се сметале за „нормални“ за другите генерации. Но задачите, како краток разговор со клиент или пишување деловно писмо што за оние што работат со години се „мачкина кашлица“, не се нешто што најмладата генерација го правела или излегла од рутината во пандемијата.
„Тоа изгледа како секоја генерација да е од различна земја. Не зборувате ист јазик и ги немате истите обичаи. Можеби знаете да ја вршите својата работа тука во САД, но ако претпоставениот ве прати во Дубаи, ќе мора да смените некои работи, бидејќи таму е друга култура. Интелигентни сте, но има разлики што ќе бараат промени и учење во текот на работата“, вели Полак.
Експертката препорачува оние што работат со или раководат со припадници на Генерацијата З да бидат трпеливи и опсежно да информираат за своите барања во поглед на работната етика.
Таа дава пример од една финанска фирма каде била повикана бидејќи раководството сметало дека вработени од Ген З го злоупотребувале правото на платено отсуство, но кога Полак ги разгледала правилниците, видела дека таму се напоменува дека „вработените имаат право на соодветно платено отсуство.
„Вашата дефиниција за ‘соодветно’ може да биде поинаква од мојата дефинија. Мора да дефинирате прецизно какви се очекувањата. Непишаните правила се нефер. и не може да претпоставувате дека секој ги разбира непишаните правила“, вели таа.
Кога станува збор за разговор околу работењето од дома, раководителите нема да постигнат ништо ако им кажуваат на вработените од Ген З дека не може да работат од дома оти биле помалку продуктивни.
„Тие знаат дека може да се работи од дома, бидејќи сите го правеа тоа во текот на две години“, објаснува Полак и препорачува разговорите да бидат продлабочени.
Односно, можеби наместо „не, не си постигнал/а доволно“, треба да се каже „сакаме вработените да бидат во канцеларија бидејќи тимот ќе има состанок и брејнстормингот ќе биде поефикасен кога сите се фисички присутни“. Или пак, дека доаѓањето на работа овозможува подобро лично да ги запознаете колегите.
„Треба да бидеме поексплицитни за придобивките од физичкото присуство или од хибридното работење“, вели Полак, повторувајќи дека припадниците на Генерација З не се темелно различни од другите луѓе, туку едноставно растеле „во друга земја и во друга култура“.