Ctrl - Z Отворен конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“

Отворен конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација и издавачка куќа, „Македонија презент“ од Скопје го објави конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобра објавена книга во 2021 година.

Оваа награда што е во вид на плакета се доделува за иновативна, експериментална и креативна книга. Сите лица кои се заинтересирани за учество потребно е да достават по еден примерок од својата книга на адресата: „Македонија презент“ ул. „Костурски херои“ бр.35, 1000 Скопје или на е-адресата: info@macedoniapresent.mk.

Досега, добитници на книжевната награда биле писателите: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтескa, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска-Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска-Станоеска.