Македонија Отворен конкурсот за студентската програма „Фулбрајт“

Отворен конкурсот за студентската програма „Фулбрајт“

Министерството за образование и наука информира дека е отворен конкурсот за студентската програма „Фулбрајт“, наменета за визитинг студенти-истражувачи и за магистерски студии во САД за академската 2016-2017 година.

Во согласност со правилата, на конкурсот може да се пријават сите оние кои завршиле високо образование или се запишани на постдипломски студии, кои имаат соодветно познавање на англискиот јазик и се граѓани на Република Македонија.

Подетални информации за конкурсот, кој трае до 31 мај, може да се најдат на овој линк.