Култура Отворен конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“

Отворен конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“

Од денеска до 30 јуни е отворен конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година, соопшти Министерството за култура.

Наградата се доделува за достигнувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.