Македонија Отворен дневен центар за лица со интелектуална попреченост

Отворен дневен центар за лица со интелектуална попреченост

Денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го отворија новиот Центар за полнолетни лица со интелектуална попречаност во Капиштец.

– Огромно е задоволството што денеска присуствувам на отворањето на новиот дневен центар за лица со интелектуална попреченост, што е резултат на заедничката иницијатива на Градот Скопје, Министерството за труд и социјална политика и на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Овој центар треба да обезбеди дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на лицата со попреченост во интелектуалниот развој. Во дневниот центар во кој ќе бидат опфатени лица со умерена и со тешка интелектуална попреченост на возраст над 18 години, ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците – истакна Трајановски.

Тој додаде и дека унапредувањето на мрежата на дневни центри претставува одлична форма на вонинституционална заштита и социјална сервисна служба преку која практично се дава поддршка на лицата со пречки во развојот.