Хроника Откриени шест странски државјанки кои работеле како танчерки во Горно Седларци

Откриени шест странски државјанки кои работеле како танчерки во Горно Седларци

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, изврши акциска контрола во угостителскиот објект „Кораби“, лоциран во село Горно Седларце, општина Боговиње – Тетово, управуван од лицето З.Љ. (37), за откривање незаконски вработувања и нелегален престој на странски државјани.

Од извршената контрола во наведениот угостителски објект, пронајдени се вкупно 16 девојки, кои работат во објектот како танчерки, келнерки и пејачки, од кои три македонски и 13 странски државјанки. При контрола на документите, утврдено е дека шест девојки (пет од Албанија и една од Косово) немаат регулиран престој во Македонија, односно четири девојки со потекло од Албанија поседуваат активна забрана за влез во Македонија, додека една албанска и една косовска државјанка немаат остварено регулиран влез во Македонија.

Поради тоа, од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против лицето З.Љ. за сторено кривично дело – нелегален транспорт на мигранти, предвидено и казниво по чл.418-б став 2 од КЗ на РМ.

Пријавениот делото го сторил на тој начин што иако знаел дека имаат забрана за влез во Р.Македонија, ги прифатил, сместил и работно ги ангажирал како танчерки четирите албански државјанки, а исто така прифатил и една албанска и една косовска државјанка кои немаат остварено легален влез во Македонија, за стекнување на противправна имотна корист. Странските државјанки се сместени во Центарот за странци и од страна на Секторот за гранични работи и миграции, на истите ќе им биде поднесена забрана за влез во Република Македонија.