Хроника Откриени 12 илегални мигранти кај Неготино

Откриени 12 илегални мигранти кај Неготино

Дванаесет илегални имигранти од Иран вчера се откриени во возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски таблички.

Мигрантите, кои се откриени на автопатот на клучката кај Неготино, како што соопшти МВР, се пренесени во полициската станица Неготино и ќе бидат сместени во прифатниот центар за странци.

Полицијата трага по возачот на возилото, кој и покрај предупредувањето на полицијата, избегал.