Хроника Осуденик се самозапалил пред Основниот суд – Битола

Осуденик се самозапалил пред Основниот суд – Битола

Шеесет и седумгодишен битолчанец утринава, околу 3 часот по полноќ, се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола, соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија.

Како што се наведува во соопштението, плинската боца не експлодирала, а судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје.

На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.

Лицето било осуденик, кој денеска требало да почне со издржување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – полов напад врз малолетно лице.