Главна секција Оставката на Груевски пристигнала во Собранието со нотарски акт на унгарски јазик

Оставката на Груевски пристигнала во Собранието со нотарски акт на унгарски јазик

Претседателот на Собранието, Талат Џафери потврди дека оставката на пратеникот и азилант Никола Груевски пристигнала во Собранието со нотарски акт и со соодветни печати, со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

– Оставката е примена на 5 јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците – рече Џафери.

За оставката на Груевски пратениците ќе расправаат на седница следната недела.