Македонија Османи во Охрид ја почна новата „Б6“ иницијатива за регионална соработка

Османи во Охрид ја почна новата „Б6“ иницијатива за регионална соработка

Прв состанок во Охрид на иницијативата „Б6“ на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Фото: МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчеравечер во Охрид, под мотото: „Мудро е да имаш добри односи со соседите, но вистинска победа е да ги имаш за пријатели“, ја почна новата регионална иницијатива „Б6, со првата неформална вечера на министрите за надворешни работи од регионот и нивните претставници.

„Намерата да се воспостави неформален „Б6“ формат на состаноци на министрите одговорни за надворешни работи беше за да се придонесе кон продлабочување на соработката и врските меѓу нас во областите на европската интеграција и областите од заеднички интерес. За да можеме да ги искористиме придобивките од засилениот политички дијалог меѓу ЕУ и ЗБ, ќе треба да ја интензивираме нашата меѓусебна координација за клучните области од заеднички регионален интерес“, истакна Османи.

Присутните министри и учесници го поздравија формирањето на „Б6“, карактеризирајќи ја како корисна рамка за меѓусебна координација. Беше заклучено, да се состануваат неформално во редовни интервали – барем еднаш во шест месеци. Состанокот треба да прерасне во форум за поедноставна, брза и непосредна комуникација на министрите за надворешни од регионот ќе биде налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4“, соопшти МНР.