Свет Европа Орбан: Сите терористи се мигранти

Орбан: Сите терористи се мигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека сите терористи се мигранти. Тој ова го изјави во интервју за „Политико“.

– Се разбира, тоа не се прифаќа, но фактичката состојба е дека сите терористи се, главно, мигранти. Прашањето е кога тие ќе се преселат во Европската унија – рече тој.

Изразувајќи го своето мислење за терористичките напади во Париз и за нивните последици, унгарскиот премиер тврди дека меѓу тероризмот и миграцијата на муслиманите во Европа во последните месеци се гледа логична поврзаност.

Според Орбан, тоа е очигледен факт, без разлика дали ни се допаѓа или не. Орбан постојано дава радикални изјави во врска со миграциската криза во ЕУ.

Претходно, за време на говорот пред унгарскиот парламент, премиерот ги нарече мигрантите „напаѓачи што дошле за да ја освојат Европа“.