Македонија Орав: Сите политичари да покажат дека сакаат да ја видат Македонија во...

Орав: Сите политичари да покажат дека сакаат да ја видат Македонија во ЕУ

„Во изминатите години слушнавме многу прекрасни зборови за интегрирањето на земјата во ЕУ. Сега е време за сите политичари, да повторам, сите политичари да покажат дека овие зборови ги поддржуваат со дела. Овде сме да ѝ помогнеме на вашата земја на патот кон ЕУ, но мора да видиме дека тоа навистина го сакате“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав на промоцијата на збратимувачки проектот за зајакнување на капацитетите за процесот на европската интеграција на Секретаријатот за европски прашања и на клучните министерства.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, запрашан да ја коментира изјавата на Орав на означувањето на почетокот на овој проект, повтори дека патот на Македонија е кон ЕУ, оти тоа е така и така треба да остане. Бесими додаде дека кратките пораки како оваа на евроамбасадорот се секогаш најјасни.