Забава Орангнутанот Сандра доби човекови права

Орангнутанот Сандра доби човекови права

Аргентинскиот суд одлучи дека суматранскиот орангутан Сандра, кој 20 години мина во зоолошката градина во Буенос Аирес, треба да се признае како личност со права на слободи.

Според одлуката, која судиите ја потпишаа едногласно, Сандра треба да биде ослободен од заробеништво и да биде префрлена во природна средина во Бразил. Судот утврди дека приматите, иако не се луѓе, сепак имаат некои основни човекови права. Зоолошката во Буенос Аирес во рок од 10 дена треба да поднесе жалба.

Асоцијацијата на професионални адвокати за правата на животните во ноември поднесе барање за ослободување на Сандра, повикувајќи се на „хеабеас корпус“, односно на „бесправно притворање на животно со докажани когнитивни способности“.

Адвокатите наведуваат дека како личност, орангутанката е способна за одржување на емоционални врски и за резонирање, поради што е крајно фрустрирана поради нејзиното притворање. Правниот тим наведува дека 29-годишната Сандра може да донесува одлуки, самосвесна е и има перцепција за време. Според нив, земајќи ги предвид сите овие нејзини способности, држењето на Сандра во зоолошката претставува незаконско лишување од слобода.

„Хабеас корпус“ е фундаментален правен термин во човековите права, кој датира од раниот 14 век, од времето на владеењето на англискиот крал Едвард Втори. Во тоа време судовите почнале да бараат објаснување од монархијата зошто на изведените пред судот им се ограничува слободата.

– Ова отвора пат не само за другите големи примати, туку и за другите суштества со чувства, кои се бесправно лишени од своите слободи во зоолошките, циркусите, водените паркови и во научните лаборатории – изјави Пол Буомпадре, адвокат за заштита на правата на животните.