Економија Општините мал дел од буџетот го реализираат за капитални инвестиции

Општините мал дел од буџетот го реализираат за капитални инвестиции

Стапката на реализација на капиталниот буџет од страна на општините за 2015 година е многу мал и кај некои општини изнесува дури помалку од 30 процнети. Кај реализацијата на оперативниот дел од овој буџет, односно плати и намирување на други тековни трошоци, таа стапка е многу повисока и изнесува од 80 до 89 процнети. Ова се однесува на 24 општини од осум региони во земјава.

– Ниту една општина не го реализирала капиталниот буџет со повеќе од 80 проценти, кај пет општини тој процент изнесува од 50 до 59 проценти – изјави Весна Гарванлиева-Андонова од Центарот за економски анализи.

Во февруари годинава, од вкупно 49 проекти, 35 отсто биле предвидени во програмите на општините, за 27 отсто имало донесено одлука од советот на општината и 41 отсто биле предвидени во буџетската програма и план на општината.

– Ниту едно од идентификуваните трошења не е предвидено во сите стретешки и тековни документи. Скромен дел, односно една третина, биле дел од барем два документи – додава Гарванлиева-Андонова.