Македонија Општина Центар го исчисти снегот на повисоките и покритични места

Општина Центар го исчисти снегот на повисоките и покритични места

Надлежните служби на Општина Центар, веднаш по почетокот на снежните врнежи почнаа со расчистување на повисоките и покритични делови на територијата на општината, соопштуваат од локалната самоуправа.

Во соопштението се наведува дека со два помали и со еден голем камион се расчистувале Тасино Чешмиче, Мало Курило и Долно Водно, а фрлено е неопходното количество сол по улиците.

Од Општината велат дека службите се подготвени да ја зајакнат механизацијата доколку во вечерните часови се засилат врнежите од снег.