Македонија Општина Кисела Вода легализираше 50 дивоградби

Општина Кисела Вода легализираше 50 дивоградби

Градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ врачува решенија за легализација на дивоградби

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска додели нови 50 решенија за легализирани објекти во општината.

Истакнувајќи ја важноста на процесот на легализација, Беличанец-Алексиќ ја истакна бројката од досега 3.204 завршени предмети и упати апел до сите лица што имаат нелагално изграден објект, да достават комплетна документација до административните служби, со што легализирањето би можело да се реализира.

– И овојпат ќе си дозволам јавно да ги повикам сите граѓани кои немаат подготвено геодетски елаборат, а се работи за 3.692 лица, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат, го доведуваат во прашање легализирањето на објектот – рече Беличанец-Алексиќ.

Воедно, според градоначалничката на Кисела Вода, подготвени се 102 урбанистички согласности од кои, за 79 се чека уплата за процедурата да може да продолжи и процесот на легализација да може да се заокружи.

Беличанец-Алексиќ уште еднаш нагласи дека нелегалното градење во овој вакуум-простор е строго забрането и дека секој објект без легални документи за градба што ќе биде забележан од инспекторите од општинската градежна инспекција веднаш ќе биде срушен.