Македонија Општина Карпош отвори телефонска линија за пријавување несовесни граѓани што загадуваат

Општина Карпош отвори телефонска линија за пријавување несовесни граѓани што загадуваат

Општина Карпош отвори телефонска линија за пријавување несовесно палење смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен материјал кој ја загадува животната средина.

„За да дејствуваме превентивно против загадувањето на животната средина, ве молиме да ги пријавите несовесните граѓани кои палат смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен отпад“, велат од Општина Карпош.

Граѓаните може да пријавуваат нерегуларности секој ден, во текот на 24 часа, на телефонскиот број 078 257 640 или на 192.