Дописници Опасни карпи се надвиснати над патот кон Македонска Каменица

Опасни карпи се надвиснати над патот кон Македонска Каменица

Веќе четврти ден е во прекин магистралниот пат Кочани – бугарска граница, кај Македонска Каменица. Сообраќаен инспектор го забранил одвивањето на сообраќајот поради опасните карпи што се надвиснале над патот.

Цел рид со огромни карпи се свлече по интензивните врнежи и комплетно го прекри делот од патот по селото Истибања. „Македонија пат“ ја чисти земјата и огромните карпи, меѓутоа утврдено е дека се нарушени косините на патот, потврди раководителот Киро Коцев. Вчера на помош биле повикани професори за да дадат експертиза за тоа на кој начин може да се стабилизира патот. Сè уште има карпи кои се надвиснати над патот и претставуваат опасност за возачите.
Жителите од овој дел на Источна Македонија се пренасочуваат на патот преку Берово и Виница. Најавено е дека веројатно утре патот ќе биде ставен во функција.