Свет Европа ОН: Повеќе од 4.800 лица загинале во Украина од почетокот на конфликтот

ОН: Повеќе од 4.800 лица загинале во Украина од почетокот на конфликтот

Вкупно 4.808 лица досега загинаа од почетокот на конфликтот во Украина, соопшти Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

На листата на загинати се наоѓаат и 298 патници и членови на екипажот на соборениот авион на „Малезија ерлајнс“.

Според податоците на ОН, од април минатата година, кога почна конфликтот, па сè до 6 јануари годинава, ранети се 10.468 лица, повеќе од еден милион лица биле принудени да ги напуштат своите домови, а околу 1,4 милион живеат во крајно супстандардни услови.