Македонија ОМД избра нови претставници во Чикаго и во Лос Анџелес

ОМД избра нови претставници во Чикаго и во Лос Анџелес

Алекс Василески и Марија Малиновска се новите претставници на Обединета македонска дијаспора (ОМД) во Чикаго и во Лос Анџелес.

Василески ја заменува Наталија Булинг, која беше претставник за Чикаго од 2011 година, а Малиновска доаѓа на местото на Димитар Насев, кој беше претставник за Лос Анџелес од 2009 година, а сега е член на одборот и директор на програмата за економски развој.

Василески е прва генерација Македонец-Американец со корени од Охрид, а Малиновска од Битола се преселила во Америка во 2006 година и моментално е стипендист на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УЦЛА), каде студирала на катедрите за глобализација и за германистика.