Економија Околу 665 милиони евра ќе бидат достапни со ИПА2

Околу 665 милиони евра ќе бидат достапни со ИПА2

Oткако ќе биде ратификувана Рамковната спогодба за инструентот за претпристапна помош (ИПА2), која денеска ја разгледуваше собраниската Комисија за европски прашања, oколу 665 милиони евра треба да станат достапни за социоекономски и за регионален развој, вработување и социјална политика, образование, унапредување на родова еднаквост и развој на човечки ресурси, земјоделство и рурален развој и за регионална и за територијална политика.

– Ова е една од клучните активности која од правен аспект ќе овозможи влез на предвидените 664,5 милиони евра кои треба да се реализираат во Македонија за различни приоритети поврзани со процесот на евроинтеграцијата – изјави државната секретарка во Секторот за европски прашања, Орхидеја Каљошевска.

Членовите на Комисијата дадоа поддршка за спогодбата, но посочија дека е потребно да се направат напори од сите аспекти за да се зголеми искористеноста на средствата.