Дописници Охридската цреша ќе стане заштитен производ

Охридската цреша ќе стане заштитен производ

Извонредно сочната и вкусна цреша, позната како oхридска, која се произведува, главно, во реонот на селата Лескоец и Велгошти, во близина на Охрид, се најде на листата производи кои се во постапка на заштитување. Заедно со црешата, на листата се и овчиот кашкавал и сирењето од Бистра.

Досега процесот на заштитување го завршија шест производи: кочански ориз, тетовски грав, македонски ајвар, овчеполски мед, малешевско бело сирење, старо бачилско бело сирење.

Во согласност со Законот за индустриска сопственост, оризот, гравот, ајварот, сирењето, виното, медот и минералната вода се првите 18 заштитени производи. Со новиот Закон за квалитетот на земјоделските производи, заштитувањето го врши Министерството за земјоделство.

Со заштитувањето, овие производи ќе добијат поголема додадена вредност и ќе се продаваат на странскиот пазар.