Економија „Охридска банка – Сосиете женерал“, најдобра во Централна и во Источна Европа

„Охридска банка – Сосиете женерал“, најдобра во Централна и во Источна Европа

Светски познатиот магазин специјализиран за финасии „Глобал фајнанс“, ја прогласи „Охридска банка – Сосиете женерал“ за најдобра банка од Македонија за 2016 година, од пазарите во развој во Централна и во Источна Европа.

Критериумите за избор на победниците вклучуваа пораст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи.

Наградата ќе ѝ биде доделена на свечена церемонија на 8 октомври 2016 година во рамките на годишното собрание на Светска банка во Вашингтон, САД.