Македонија Охрид, Струга и Ресен повторно без струја

Охрид, Струга и Ресен повторно без струја

Од утринава повторно нема струја во охридско-ресенскиот регион. Вчера, исто така, во овој регион немаше струја, но доцна во ноќта дефектот беше поправен и граѓаните до утринава имаа електрична енергија.

Од МЕПСО информираат дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.