Дописници Охрид: Од утре во функција градскиот базен „Атина Бојаџи“

Охрид: Од утре во функција градскиот базен „Атина Бојаџи“

Претстојниот викенд, практично утре, ќе биде означен официјалниот почеток на годинешната пливачка сезона на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид.

Домаќините и гостите, покрај во езерските води, ќе имаат можност да се рекреираат и да тренираат и во базенот со олимиски димензии.

Објектот ќе биде достапен за сите заинтересирани пливачки школи и за рекреативци – љубители на пливањето.

Ќе работи секој ден од 8.30 до 20 часот, така што во работен ден (понеделник – петок) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 8.30 до 12 часот и попладне од 17.30 до 19.30 часот, додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 до 18 часот.

За време на викендите (сабота и недела), градскиот базен ќе биде целодневно отворен за рекреативците.
Еден целодневен билет за користење на услугите на градскиот базен изнесува 60 денари.