Дописници Охрид и Поградец заедно ќе набавуваат специјални пловила за безбедност на вода

Охрид и Поградец заедно ќе набавуваат специјални пловила за безбедност на вода

Општина Охрид во соработка со Капетанијата на пристаништата изготви проект за набавка на специјални пловни објекти за безбедност на вода, за што средства ќе се бараат од ИПА-фондовите, информираат од секторот за туризам и за локален економски развој.

Интерес за тоа покажал и албанскиот град Поградец, со кој Охрид заеднички ќе аплицира на следниот повик за распределба на средства од ИПА-фондовите.

Набавката на специјализирани пловни објекти за безбедност и за спасување на Охридско Езеро со години се наметнува како потреба, дотолку повеќе што неколку лета надвор од функција е бродот амбуланта што го опслужуваше Црвениот крст.

Летово, на луѓето со здравствени проблеми на плажите долж охридското крајбрежје, помош ќе им се укажува само со возила на итната медицинска помош по копнен пат.