Свет Разгранок на Ал Каеда зазеде воена база во Сирија

Разгранок на Ал Каеда зазеде воена база во Сирија

Сирискиот разгранок на Ал Каеда, Нусра фронт, денеска ја зазеде големата база на сириската војска во провинцијата Идлеб, на северозападот на земјата, по 24-часовна офанзива, соопшто во Бејрут сириската опозициска Организација за човекови права.

Исламистите ги зазеле сите контролни пунктови и позиции внатре и околу воениот камп Вади ел Деиф во градот Маре тел Неман, се наведува во соопштението на невладината организација, која собира информации од независни извори на теренот.

Нусра фронт ја зазел позицијата со помош на локалните исламистички групи и сега контролира поголем дел од провинцијата Идлеб, која се граничи со Турција.