Хроника Ограбиле Сиријци и им одзеле 900 евра

Ограбиле Сиријци и им одзеле 900 евра

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.У. (46) од Битола, В.А. (22) и Е.А. (19) од Велушина – Битола, поради постоење на основи за сомневање дека извршиле разбојништво.

Пријавените, на 20 февруари годинава, околу 19.30 часот, на патот помеѓу селата Барешани и Олевени, во близина на Битола, пресретнале четворица сириски државјани, на кои им одзеле мобилни телефони, документи и 900 евра.

Веднаш потоа почнале да ги удираат со клоци и со тупаници, со дрвен стап и со метална цевка и потоа го напуштиле местото на настанот. Од судија во претходна постапка, на пријавените им е одреден притвор во траење до 30 дена.