Хроника Ограбено казиното „Сенатор“ во Гостивар

Ограбено казиното „Сенатор“ во Гостивар

Непознато маскирано лице, вооружено со пиштол, утринава околу 3.20 часот го ограбило казиното „Сенатор“ во Гостивар.

Како што соопшти МВР, крадецот заканувајќи ѝ се со пиштол на вработената, одзел околу 50.000 денари, по што побегнал.

Полицијата трага по крадецот и работи на целосно расчистување на случајот.