Македонија Ограбена црквата „Св. Мина“ во тетовско Волковија

Ограбена црквата „Св. Мина“ во тетовско Волковија

Вчера било пријавено дека во неутврдено време, во село Волковија, Тетовско, во црковниот храм „Св. Мина“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за свеќи одзел околу 1.000 денари и околу пет литри зејтин, а потоа го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.