Хроника Ограбена црква во тетовското село Волковија

Ограбена црква во тетовското село Волковија

Во временски период од 15 декември 2015 година до 1 јануари годинава, на местото Чука во атарот на селото Волковија, од непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св. Ѓорѓија“, при што се одземени околу 3.000 денари и 10 мали икони од различни светци.

Крадецот преку покривот на црквата влегол во камбанаријата и низ незаклучената врата по скали влегол во црквата. Потоа од ѕидот ја откорнал касата, по што извршил пребарување и претурање по фиоките, ги одзел наведените предмети и го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.