Хроника Ограбена црква во тетовско Волковија

Ограбена црква во тетовско Волковија

Непознат сторител провалил во црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија и украл околу 2.000 денари, соопшти полицијата.

Кражбата се случила во периодот меѓу 24 ноември и 3 декември, а вкупната материјална штета била проценета на околу 14.000 денари.

Крадецот во црквата влегол откако насилно ја отворил влезната врата.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.