Uncategorized Ограбена црква во Струмичко

Ограбена црква во Струмичко

Ноќта меѓу вторникот и средата, непознат сторител провалил во католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“, во струмичкото село Нова Маала, и украл околу 2.000 денари, информираат од полицијата.

Крадецот, откако влегол во црквата, со погоден алат ги отворил заклучените дрвени фиоки од просторијата каде се продаваат свеќи и ги зел парите. Вкупната материјална штета била проценета на околу 2.500 денари.