Хроника Ограбена скопската црква „Св. Ѓоргија“

Ограбена скопската црква „Св. Ѓоргија“

Непознато лице вчера ја ограбило црквата „Св. Ѓоргија“ на улицата Панче Неделковски во Скопје.

Педесет и двегодишната С.П. вчера ја пријавила кражбата во полициската станица Бит-пазар и соопштила дека од црковната каса, која насилно била отворена, се одземени 4.000 денари.

Полицијата трага по крадецот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.