Хроника Ограбена обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир

Непознато лице вчера попладне ја ограбило спортската обложувалница „Бонкапо“ во Скопје, на улицата Џон Кенеди.

Краадецот, заканувајќи се со огнено оружје, од еден од вработените одзел 36.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.