Хроника Ограбена аптека на „Зегин“ во Дебар-маало

Ограбена аптека на „Зегин“ во Дебар-маало

Двајца маскирани разбојници вчеравечер ограбиле аптека на „Зегин“ во Дебар-маало во центарот на Скопје, информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило околу 20 часот, во аптеката на „Зегин“ на улицата Дане Крапчев. Двете маскирани лица влегле во аптеката и заканувајќи ѝ се на вработената со нож, одзеле 13.000 денари од дневниот промет.

Полицијата нема осомничени лица за разбојништвото и презема мерки за нивно откривање.